ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ НА ТЕМА „СОЦИЈАЛНА ПРАВДА“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија е партнер на проектот РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува „Фондацијата Отворено општество – Македонија“. Проектот има за цел да обезбеди стипендии за вклучување што поголем број деца Роми во основното образование и да обезбеди поддршка на училиштата да создадат инклузивна средина за учење каде ќе се почитува различноста и каде сите деца ќе се чувствуваат добредојдени и подеднакво стимулирани да успеат.

Во рамките на проектот предвидена е обука за наставниците од основните училишта на тема Социјална правда со цел наставниците од основните училишта да се запознаат со основите на социјалната правда и да преземат конкретни чекори за надминување на препреките со кои се соочуваат децата од ранливите групи.

За таа цел, Фондацијата „Чекор по чекор“ распишува повик за обучувачи кои имаат искуство во држење обуки за Социјална правда.

Главни задачи на обучувачите ќе бидат:

  • Подготвување агенда за четири дневна обука како и помошни материјали за истата;
  • Подготовка на краток опис на планираните активности;
  • Реализирање на обуката;
  • Доставување целосна документација по спроведената обука до канцеларијата на Фондацијата (извештаи, списоци за присуство, евалуации, фотографии, видео записи и други изработки од учесниците. Форматот за извештајот, списоците за присуство и евалуациите ќе бидат обезбедени од проектниот тим).

Обуката ќе се спроведува во четири различни групи со по 20-25 учесници и ќе трае по 4 дена за секоја група.

Временска рамка: 16 август, 2021 – 31 август, 2021

Барани квалификации и услови за работа:

  • Образование: прв циклус образование во педагогија /образовни науки, дефектологија, психијатрија или психологија; втор циклус студии ќе се смета за предност. Кандидатите ќе треба да достават своја ажурирана биографија од која може да се види дека имаат соодветни компетенции и искуство:
  • Искуство во работа со претставници на граѓанскиот сектор и на образовни институции.
  • Искуство во спроведување обуки со наставници од основни училишта.
  • Искуство во осмислување на обуки за наставници во полето на социјална правда.

Надгледувањето на реализирањето на активностите го врши проектниот тим.

Доколку на проектниот тим му се потребни дополнителни информации за кандидатите, истите ќе бидат повикани на дополнителен разговор.

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. Македонија, без разлика на етничката припадност. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса: [email protected] .

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.07.2021 до 12 часот.

Сподели на