[wpml_language_selector_widget]

Оглас за практикантска работа

Младински сојуз распишува оглас за практикантска работа во секторот за логистичка и оперативна работа, во нашата канцеларија во Скопје на ул. Христо Смирненски, 48/2/8, општина Центар.

Практикантот се ангажира со цел стекнување на вештини во областа на оперативна и логистичка работа во организација за млади и ќе ги обавува следните задачи:

  • Логистичка и техничка поддршка во проектните активности;
  • Извршување на логистички дел на настани, поточно, обезбедување просторија, барање на спонзорства, правење набавки, контактирање на надворешни инволвирани лица;
  • Активно учествува во останатите тековни активности во организацијата;
  • Контактирање на потенцијални учесници и волонтери за настани;
  • Следење на вклученоста на младите луѓе во програмите;
  • Електронско и hard copy aархивирање на документација од настани;
  • Поднесување месечен извештај за својата работа до оперативен координатор.

Се бара 1 лице за обавување на практична работа.
Времетраење на ангажманот е не повеќе од 6 месеци.
Почеток на ангажманот е флексибилен, во договор со избран апликант.
Флексибилно работно време, не помалку од 4 часа дневно и не повеќе од 40 часа неделно, за канцелариска работа.

Вештини кои ќе се стекнат од праксата:

  • Вештини за имплементација на набавки
  • Вештини за работа со млади луѓе
  • Вештини за техничка имплементација на настани
  • Комуникациски вештини
  • Подготвеност за работа во интернационална средина

Ангажманот е со месечен надоместок во висина од 14.500,00 денари за обавување на пракса од 40 часа неделно, односно сразмерно на договорениот ангажман за практиканство. Избраните практиканти ќе имаат можност за продолжување на практиканскиот ангажман во професионален ангажман.
Право на аплицирање имаат сите лица кои се сметаат подобни за огласот, сакаат да се стекнат со конкретни вештини за оперативна работа и да не се постари од 34 години.

Сите заинтересирани може да испратат кратка биографија на е-маил: [email protected] .



Сподели на