ОГЛАС ЗА ПРОГРАМСКИ АСИСТЕНТ

ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ, НМСМ ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА:

Работна позиција: програмски асистент во програма за стратешки развој 

Локација: Канцеларија на НМСМ, Скопје

ЗА ПРОГРАМАТА:

Во склоп на програмата за стратешки развој ќе се работи на креирање и поттикнување на процеси, активности и програми за градење на капацитетите на младинските форми на организирање; креирање на процеси, активности и програми во насока на личен и професионален развој на младите; застапување и соработка со сите релевантини чинители, а со цел унапредување на капацитетите и можностите за младинските форми на организирање и унапредување на благосостојбата на младите.

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за работење во динамична работна средина;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на организацијата;
  • Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
  • Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
  • Самоиницијативност и способност за работа под притисок.

ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:

  • Минимум 1 година работно искуство во невладин сектор и/или на проекти;
  • Одлично познавање на Microsoft Office;
  • Познавање англиски јазик;
  • Вештини за административно работење;
  • Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доверените задачи;
  • Познавање на работата на НМСМ и младинскиот сектор;
  • Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
  • Завршено високо образование ќе се смета за предност;
  • Познавање албански јазик ќе се смета за предност.


ОПИС НА ГЛАВНИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Подготовка на планови за спроведување на активности во рамки на програмата;
  • Подготовка на програмски и проектни документи; 
  • Логистичка поддршка при имплементација на активности во рамки на програмата;
  • Техничка поддршка при имплементација на активности во рамки на програмата;
  • Подготовка на извештаи и дополнителна документација за спроведените активности;
  • Комуникација со учесници во програмските активности;
  • Подготовка на повици, договори и други администратвини документи за активностите во рамки на програмата; 
  • Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
  • Подготовка на наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни;
  • Редовна координација со Програмскиот менаџер и Програмскиот координатор;
  • Други активности во насока на постигнување на стратешките приоритети и цели на НМСМ.

НУДИМЕ?

  • Позитивна работна средина
  • Простор за професионална и лична надградба
  • Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи
  • Флексибилно работно време
  • Платен годишен одмор од 24 дена
  • Приватно здравствено осигурување
  • Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно)
  • Почетна плата од 24.000 денари, нето износ, со можност за зголемување по завршување на пробниот период.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Програмски асистент најдоцна до 27.03.2022 до 23:59 часот. Сите претселектирани кандидати ќе бидат поканети на тестирање. Кандидатите кои успешно ќе го поминат тестирањето ќе бидат повикани на интервју. 

ТЕКСТ

Сподели на