Онлајн дискусија: Моето тело не е табу тема!

✨Драги млади и поддржувачи на клубот Girl Up Skopje,
Ве покануваме на уште една наша дискусија посветена на сексуалното здравје и образование. Темата сама по себе во нашето општество е табу, но затоа заедно со Вас, на 14-ти април во 19:00 часот, преку дискусија ќе се потрудиме да преминеме преку стигмата за истата. Ќе имате шанса да го слушнете мислењето на говорници кои се експерти за оваа тема, но и шанса да го споделите Вашето мислење и знаење. Нашите гости Мери Цветковска од организацијата Хера и Валентина Дамчевска од средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, заедно со модераторката Орхидеа Симоновска од клубот Girl Up Skopje, со нетрпение Ве очекуваат вас, се со цел да ја прикажеме важноста на темата Сексуално и репродуктивно здравје.✨
✨Girl Up е невладина оранизација чија главна мисија е поддржување и зајакнување на девојчињата.
Во партнерство со Обединетите нации, работиме на програми кои ќе им помогнат на девојчињата да напредуваат и да ги имаат сите потребни алатки и вештини за да се успешни во својата заедница, а и пошироко.

***Работилницата ќе се оддржува онлајн, преку ZOOM платформата, на 14.04.2021 во 19:00 часот.

⏰💻✨

Линк за регистрација:  https://forms.office.com/pages/responsepage.aspx?id=QSfKBfwhf06hy-c2FzfhPPKmuF4IyVhKs6gLMdxPPBpUMUY4Mk5JMUtSU1kyV0lCWktLSTU2VTRGRS4u&fbclid=IwAR1-pdTmE3VXOiAZOtZrvwccOm-aINCLy6XHUPPvNPrKgXYAZIOmlyv2qP8

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp