Преку глава ти е од сите недостатоци во твоето училиште и маало? Свесен си за проблемите околу тебе, но не знаеш како и каде да реагираш? Имаш безброј идеи за подобрување на околината, но немаш кому да ги кажеш?
Тогаш приклучи се кон нашата работна група за средношколци и учествувај во креирање и застапување на Младинската декларација – документ за младински приоритети, потреби и визии!
Младинската декларација претставува документ кој МОФ го креира во изминатите две години, заедно со стотици средношколци од целата земја. Целта на овој документ е да ги срочи сите предизвици, проблеми и недостатоци кои го окупираат секојдневието на младите во една целина која ќе служи како поттик и водилка за надлежните Општини и институцииите да ги исполнат барањата за подобрување на квалитетот на живот.
Документот е составен од неколку области кои ги содржат клучните пречки на младите во нашето општеството. Сега, во оваа финална фаза на обработка на декларацијата, ве покануваме вас, средношколците, да се приклучите и да го дадете вашето мислење со цел да ни помогнете да ја финализираме оваа идеја, а со самото тоа и да станете дел од Првата ваква младинска декларација.
Првите средби со работната група ќе се одржат на 25ти и 27ми ноември, а за да се пријавите потребно е да го пополните следниот прашалник.
Оваа активност е изработена со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје, а во рамки на Проектот за младинско изразување финансиран од Европската Унија.