Во текот на месец март, Сојуз на извидници на Македонија организира серија онлајн тренинзи.
Тренинзите се наменети за сите деца и млади над 12 години. Истите ќе се одвиваат онлајн на платформата Zoom во текот на викендите од месец март, а регистрацијата се врши преку пополнување на оваа апликација.
– ТРЕНИНГ ЗА ОНЛАЈН АЛАТКИ – 13 и 14 март
На овој тренинг ќе имате можност да се запознаете со неколку онлајн алатки кои ќе ви помогнат:
Да ги направите вашите онлајн состаноци поинтересни;
Да ја дигитализирате работата на одредот со цел да биде поедноставна и подостапна за сите волонтери;
Брзо и лесно да креирате лого, слика, постер или видео за социјални мрежи;
Да направите најкул презентација за училиште/факултет.
– ТРЕНИНГ ЗА ОРИЕНТАЦИЈА ВО ПРИРОДА – 20 и 21 март
Ќе добиете прилика подетално да се запознаете со материјалите за ориентација во природа, да прашате прашања за кои досега не сте го нашле одговорот и секако да научите кои се најважните делови на кои се добиваат најмногу бодови на извидничките натпревари.
– ТРЕНИНГ ЗА ПИШУВАЊЕ ПРОЕКТИ – 27 и 28 март
Тоа што пандемијата нѐ спречува да ги имплементираме активностите од соништата, не значи дека не можеме да ги планираме истите за во иднина. На овој тренинг ќе имате прилика да го научите и анализирате секој аспект од процесот на пишување на проект. Сесиите ќе бидат интерактивни, а при крајот на тренингот секој учесник ќе има подготвен предлог-проект за аплицирање. Пријавата можете да ја најдете тука.
За било какви дополнителни информации, може да нѐ контактирате на [email protected]