ОТВОРЕНА ПОЗИЦИЈА: ПРОГРАМСК/И/А КООРДИНАТОР/КА
Реактор – Истражување во акција има потреба од Програмск/и/а координатор/ка со искуство во ефективен менаџмент, планирање, координација, имплементација и евалуација на програмски и проектни активности во организацијата.
Позицијата предвидува полно работно време (40 часа неделно) со ретки попладневни ангажмани при организација на настани, како и нефреквентни патувања во земјата и во странство. Поради тековната пандемија, тимот на Реактор комбинира работа во канцеларија со работа од дома, со флексибилно работно време и план за враќање во канцеларија штом постојат побезбедни услови за тоа.
Позицијата нуди можности за личен развој и надградба, динамична работна средина и колективен одмор за новогодишните празници (покрај законски предвидените денови за одмор).
Oпис на позицијата
- Целосна и навремена имплементација на проектните и програмските активности и координација за постигнување на предвидените цели на програмата за работа на организацијата;
- Координација на административните и оперативните текови во согласност со дефинираните организациски цели и стратегии;
- Координација на тимови, спроведување периодична евалуација и подготовка на планови за развој;
- Координација и учество во процесот на подготовка на стратешките документи на организацијата и придонес во развојот и имплементацијата на сродните планови, политики и процедури;
- Подготовка на годишниот извештај и план на работа на организацијата во соработка со Претседател/ката;
- Учество во подготовка на релевантни проектни апликации и обезбедување на фондови;
- Одржување и градење партнерства со релевантни национални и меѓународни чинители;
- Учество и претставување на организацијата на конференции, обуки и други настани во и надвор од земјата;
- Извршување други слични задачи во согласност со потребите на организацијата.
Квалификации
Образование и работно искуство
- Завршени додипломски студии во релевантна област – општествени науки. Доколку додипломските студии се во друга област, релевантното работно искуство ќе биде земено предвид. Завршени пост-дипломски студии во релевантна област за организацијата ќе се сметаат за предност.
- Најмалку 5 годишно работно искуство кое вклучува раководење и спроведување на програми и/или проекти во областа на родовата еднаквост, младински политики, добро владеење, ЕУ интеграција, граѓанско учество или сродни области.
- Работно искуство во граѓанска или меѓународна организација ќе се смета за предност.
- Работно искуство во спроведување на мониторинг и евалуација, како и менторирање на помали организации (преку грантови шеми) ќе се смета за предност;
- Работно искуство, формално или неформално образование за истражувачки методи истражувања од областа на јавните политики исто така ќе се смета за предност.
- Работно искуство кое вклучува спроведување на проекти, а особено истражувачки проекти од областа на родовата еднаквост ќе се смета за дополнителна предност.
Знаење и други вештини
- Одлично познавање на програмски и проектен менаџмент и процедури за организациски развој;
- Докажани способности за планирање, организација и имплементација на активности од нивно поставување до финално известување;
- Ориентираност кон детали, висока ефикасност, проактивност и висока исполнителност;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини, лидерски и мотивациски способности;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
- Запознаеност со националните механизми за родова еднаквост;
- Запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областите на делување на организацијата;
- Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint.
- Искуство со софтвери за собирање и обработка на податоци ќе се смета за предност, но не е клучно за оваа позиција.
Висина на паричен надоместок
За оваа работна позиција е предвиден месечен надоместок врз база на договор на определено време, со последователна можност за склучување на договор и на неопределено време, во висина од 40.000 до 45.000 денари, нето. Конечниот надоместок ќе биде утврден врз основа на квалификациите и релевантните искуства.
Како да се пријавите
Вашата пријава, подготвена како единствен документ во PDF формат, треба да содржи:
- Воведно писмо на македонски јазик за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме зошто сакате да работите во Реактор и како Вашето досегашно работно искуство е релевантно за потребните знаења, вештини и работни задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 500 зборови) – задолжително
- CV на англиски јазик (со контакти за препораки) – задолжително
- Доколку имате, релевантни примери или извадоци од Ваш пишан труд (на англиски и/или на македонски јазик, не повеќе од десет страни), можете да ги посочите со соодветни линкови или да ги приложите заедно со пријавата.
Ве молиме сите документи да ги пратите во посочениот формат. Пријави добиени во било кој друг формат нема да бидат земени предвид.
Вака подготвената пријава пратете ја по електронска пошта на [email protected] со наслов
ПРОГРАМСКА КООРДИНАТОРКА/ПРОГРАМСКИ КООРДИНАТОР.
Рокот за пријавување е 28 јануари 2022 година.
На сите што ќе се пријават им благодариме за интересот, но за жал не сме во можност да одговориме на секоја пријава, ниту пак да одговараме на телефонски барања/прашања. Само оние што ќе бидат избрани на кратка листа за интервју за позицијата ќе бидат контактирани, и тоа за најмногу 15 дена по одминување на рокот за пријавување.