ОТВОРЕНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – Сите песни за „АИ“: Доверба, љубов и сомнеж кон големите јазични модели

Младински образовен форум (МОФ) ве поканува на отворено предавање за студенти на кое предавач ќе биде проф. д-р Владимир Трајковиќ.

Предавањето на проф. д-р Владимир Трајковиќ ќе ги истражува аспектите на довербата, веродостојноста и сложената „врска“ што ја развиваме со големите јазични модели. Како корисници, честопати сме во „љубов/омраза“ однос со АИ: се восхитуваме на нејзината способност, но се сомневаме во точноста. Темата ќе разгледува неколку предизвици поврзани со потенцијалната манипулација предизвикана со АИ системите, и сложената етика околу „верувањето“ во АИ.

Ќе говориме за следните песни (и по некој стих):

0. „Money for Nothing: That ain’t workin’, that’s the way you do it!“: Како да објасните како работат големите јазични модели на деца од основно училиште?
1. „(I Can’t Get No) Satisfaction“: Дали големите јазични модели ќе ја задоволат нашата потреба за вистина?
2. „Every Breath You Take“: Дали големите јазични модели можат да нè следат и да го контролираат нашиот пристап до одредено знаење?
3. „I Still Haven’t Found What I’m Looking For“: Можат ли големите јазични модели да ја најдат вистината?
4. „Sweet Dreams (Are Made of This)“: Дали довербата во јазичните модели е само илузија?

Локација: NETAVILLE (ул. Никола Тесла бр. 9)
Датум: 26.11.2024 (вторник)
Време: 18:00

Сертификати за учество ќе бидат доделени на сите присутни. За да добиете сертификат, ве замолуваме пополнете го следниот формулар:
https://forms.gle/QHT6PFrEVPYPC9ZT8

Оваа активност ја органзира Младински образовен форум со поддршка од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Сподели на