ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ МАЛИ ГРАНТОВИ ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

За проектот

Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување е меѓународен проект кој се спроведува во Белгија, Црна Гора, Турција Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Северна Македонија. Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за вработување на младите од Западен Балкан. Проектот започна да се имплементира во март 2020 година, а ќе трае до февруари 2023 година.

За повикот

Во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ отворен е повик за доделување мали грантови за граѓански организации. Целта на овој повик е да се поддржат и зајакнат локалните граѓански организации и младинските иницијативи да учествуваат во реформските процеси поврзани со претприемништвото кај младите и да обезбедат можност за практичен приказ и обука/менторство за младите претприемачи да ги подобрат своите бизниси. Идејата на повикот е да ги изгради капацитетите на граѓанските организации за подготвување и спроведување на иницијативи за вработување и претприемништво кои дополнително ќе го поттикнат одржливиот развој на студентите и младинските компании, и на тој начин да стимулираат политики и институционална средина која ќе биде посоодветна на инклузивното претприемништво.

Кој може да учествува? – Видови субјекти подобни за финансиска поддршка

Сите граѓански организации или непрофитни претпријатија кои се ангажирани во областите за вработување на младите и/или претприемништво и/или претприемачко образование и/или обезбедување услуги за поддршка на младински деловни иницијативи на локално ниво да аплицираат со свој предлог-проект.

Со цел да бидат подобни за поддршка во рамките на Програмата за мали грантови, апликантот и ко-апликантите (партнерските организации) мора:

(1) да бидат официјално регистрирани (правни лица)

(2) да бидат непрофитни;

(3) да бидат граѓански организации или непрофитни претпријатија;

(4) да работат најмалку 1 година;

(5) да се воспоставени и да работат во еден од проектните корисници на ИПА Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија или Турција;

(6) да имаат искуство и да се активни во областа на вработување на младите и/или претприемништвотп и/или претприемачкото образование и/или обезбедувањето на услуги за поддршка на бизнисите на младински деловни иницијативи (на пр. Младински деловни центри, инкубатори, простори за соработка);

(7) да покажале лидерски потенцијал, отвореност за раст и промени и подготвеност да се вклучат во партнерства со конзорциумот BY LEAP Project;

(8) да бидат директно одговорни за подготовката и управувањето со проектот.

(9) да имаат капацитет за управување, како и потребните професионални компетенции и квалификација за успешно завршување на предложената активност

(10) да не фигурираат во кривичната или граѓанската прекршочна евиденцијата како организација и раководство;

* Силно се охрабрува учеството на организациите предводени од жени.

Потребна документација/Листа на анекси

Апликантот мора да ги подготви следните документи за да биде земен предвид при разгледување за поддршка според Програмата за мали грантови: 

  • Формулар за аплицирање
  • Буџетски формулар
  • Скенирана потврда за регистрација издадена од релевантен јавен орган со која се потврдува дека организацијата и партнерите се правен и непрофитен субјект основан во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија или Турција.

Постапка за аплицирање и рокови

Сите апликации мора да се испратат преку е-пошта на следнава електронска адреса (e-mail): [email protected] со предмет (subject): CFP BY LEAP/ИМЕ НА АПЛИКАНТ/ЗЕМЈА

Заинтересираните апликанти мора да ги испратат потребните формулари и да ги следат достапните упатства. Апликациите треба да бидат напишани на еден од локалните јазици (српски, босански/хрватски/српски, албански, македонски, црногорски или турски) или на англиски јазик. 

Извршното резиме на апликацијата мора да биде достапно на англиски јазик. 

Крајниот рок за аплицирање е 18 ноември 2021 година23:59 часот. 

Резултатите од изборот ќе бидат јавно достапни најдоцна 60 дена по истекот на рокот за поднесување проекти.

*Кандидатите се охрабруваат да поднесат предлог-проекти на англиски јазик, земајќи предвид дека имплементацијата на проектот/комуникацијата и известувањето треба да се прават на англиски јазик.

*Целосниот повик и упатствата за потенцијални апликанти се достапни на овој линк.

Сподели на