




Во рамките на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, објавуваме повик за талентиран лектор по македонски јазик за проектни активности! 












Проектот “ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина” е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со Center for Youth Activism KRIK / КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРM.
Целта на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.