Правната клиника по право на бегалци ги повикува студентите да се приклучат на програмата во текот на зимскиот семестар за академската 2021/22.
Правната клиника за право на бегалци (Refugee Law Clinic) претставува можност студентите да се стекнат со теоретско и практично знаење во врска со правото на бегалци и миграциите. Овој семестар предавањата ќе се спроведат онлајн на платформата zoom.
Студентите ќе имаат можност да проследат предавања од страна на универзитетски професори – ментори на правната клиника, како и предавања и работилници од страна на претставници на УНЦХР во Р. Северна Македонија, домашни и меѓународни експерти и практичари.
Правната клиника за право на бегалци се остварува во партнерство со Претставништвото на УНХЦР во Република Северна Македонија UNHCR-Skopje.
Предавањата почнуваат на 28ми oктомври 2021 година (Четврток) во 16 часот.
За учество на правната клиника можете да се регистрирате на следниот линк: https://forms.gle/zBBYUZq6xjeqcq7H9
Регистрацијата трае до 26ти октомври 2021.
За повеќе информации за правната клиника и учество во неа, можете слободно да не контактирате на:
е-маил:
– [email protected]
– [email protected]
Истовремено информации можете да најдете на нашата веб страна: https://refugeelaw.mk/en/