Центар за младински активизам КРИК отвора повик за 2 практиканти кои ќе обавуваат практикантска работа во КРИК!
Програмата и активностите на кои практикантите ќе учествуваат се планира заедно со селектираните практиканти.
Главни активности и ангажман:
– Дел од сите активности кои Крик ги организира
– Поддршка на извршната канцеларија на Крик во административното работење
– Директна работа со целна група (млади лица со попреченост и без)
– Логистичка поддршка на активностите.
Време на обавување на практиканството: во тек на работната недела, во период од 8/9 до 16/17 часот. Работните часови на праксата се одредуваат заедно со практикантите.
По потреба, дел од активностите се одвиваат и во други градови во Македонија, понекогаш и во текот на викендите.
Услови и обврски на практикантите
Сите заинтересирани кандидати за учество во практикантската програма потребно е да:
- Бидат на возраст од 18 до 32 години
- Да не се во работен однос
- Да имаат завршено најмалку основно образование
- Да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од три месеци
Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на практикантската работа:
- Назначено ментор лице кое ќе ги следи во текот на целата пракса
- Назначено одговорно лице од ЦМА КРИК кај кое ќе може да се обратат во текот на целата пракса
- Месечен надоместок во висина од 9 000 мкд
- Можности за учество и вмрежување на настани
- Можност за вработување по завршување на практиканството
- Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.
Обврските кои ќе ги имаат практикантите се следните:
- Уредно, совесно и навремено извршување на доверените задачи;
- Учество во секојдневната работа на Крик
- Чување на класифицирани и доверливи податоци стекнати за време на практиканството
- Почитување на интерните протоколи и прирачници за работа на Крик
Практикантите ќе бидат вклучени во активностите:
Практикант 1-поддршка на социјална услуга-живеење со 24 часовна поддршка на лица со попреченост
Практикант 2- поддршка на работата на извршната канцеларија на Крик и центарот за окупациона терапија
Започнување на практикантсвото: очекувано средина на октомври 2022 до средина на средина на јануари 2023 (3 месеци)
Можни се и патувања кои ќе се одредат во текот на практикантството.
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со пополнување на оваа форма ТУКА
Повикот е отворен до 22.09.2022