Преку проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста меѓу младите” кој го спроведува Националниот младински совет на Македонија во соработка со Stella Network отворен е повик за 100 млади лица кои сакаат да се вклучат и поминат низ двомесечна практикантска програма со финансиски надоместок.
Сите заинтересирани кандидати за учество во практикантската програма потребно е да:
- Бидат на возраст од 15 до 29 години
- Да не се во работен однос
- Да имаат завршено најмалку основно образование
- Да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од два месеци во назначен правен субјект.
Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на практикантската работа:
- Назначено ментор лице во правниот субјект каде ќе се изведува практикантството кое ќе ги следи во текот на целата пракса;
- Назначено одговорно лице од НМСМ кај кое ќе може да се обратат во текот на целата пракса;
- Месечен бруто надоместок во висина од 150 фунти;
- Можности за учество и вмрежување на настани од проектот;
- Можност за вработување по завршување на практиканството;
- Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.
Заинтересираните кандидати треба да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub и да го пополнат формуларот достапен на овој линк најдоцна до 18 јуни 2023, до полноќ.
За сите останати прашања и информации за проектот или повикот, обратете се на [email protected] или на 070 399 058.
Повеќе информации за повикот како и за самиот проект, можете да пронајдете тука.