Отворен повик за преведувач/лектор од македонски на ромски јазик

🎉 Придружете ни се!

📢 Отворен повик за преведувач/лектор од македонски на ромски јазик! 📚🗣️

Во рамките на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, објавуваме повик за ангажирање на преведувач/лектор за превод и лектура од македонски на ромски јазик. 🌿🤝

Потребни квалификации:

  • Завршени додипломски студии (најмалку прв циклус).
  • Работно искуство како преведувач/лектор.
  • Одлични писмени вештини. 📝

Период на ангажман: 26.12.2024 – 31.03.2025 година. 📅
Рок за доставување на понудите: 17.12.2024 година. ⏳

Повеќе информации на 🔗 https://tinyurl.com/2r8c6csr

Проектот “ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина” е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со Center for Youth Activism KRIK / КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРM.

Целта на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.

Сподели на