Панел дискусија: Зошто (НЕ) учествуваме во креирање на политики?

Ве покануваме на нашиот следен настан „Зошто (НЕ) учествуваме во креирање на политики?“ на 22 април, четврток, со почеток од 20:00 часот, кој ќе може да го следите во живо на нашиот ФБ профил.
Ви ветуваме плодна дискусија со прекрасни луѓе – нашите панелисти, кои ќе ви ги презентираме во следните неколку денови.
🙌Доколку сакате да се вклучите во дискусијата, да споделите свое искуство и мислење може да се регистрирате на овој зум линк https://us02web.zoom.us/…/tZclceiurjIuHdcofiw4aO… и да учествувате на панел дискусијата, а доколку сакате да поставите прашање, тоа ќе можете да го направите и на настанот на ФБ во живо.
А, сега кратко за тоа што ќе се случува во четврток:
💬Ќе започнеме со одговарање на прашањата – што е тоа креирање на политики и како се донесуваат одлуките во врска со алармантните случувања, како што се климатската криза, долгорочна климатска стратегија и ќе зборуваме за примери на начини на креирање на политики на национално ниво.
💬Разговорите на оваа панел дискусија ќе ги продлабочиме заедно со нашите гости, панелисти со темата што случува кај нас и зошто луѓето, заедниците, граѓанскиот сектор (не) се приклучуваат на јавните расправи каде што се презентираат официјални документи врз кои се носат политики.
💬Ќе зборуваме за тоа кој одлучува за нашите заедници и кој управува со нашите природни добра, со што ќе допреме до моменталните социо-еколошки и политички кризи кои се случуваат секојдневно кај нас. ✊
👀 Следете нѐ и се гледаме во четврток!

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp