Панел Дискусија – “Македонско стартап село”

Во рамките на Иновативната иницијатива “Македонско стартап село”, дел од проектот “Поддршка на изборни реформи” кој е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи во партнерсво со Националниот младински совет на Македонија, мобилизаторот Димче Мицевски организира Панел Дискусија.
На овој настан ќе се поттикне дискусија околу Проектот, дел од владината програма, како дошло до идејата за истиот и кои се следните фази во кои се движи самиот Проект .
Настанот ќе биде наменет за сите млади до 29 години, со посебен акцент на претставници од стартап заедницата во земјата. Работниот јазик на настанот е македонски.

Модератор на настанот – Димче Мицевски (мобилизатор)
Говорници на настанот:
Коста Петров, Директор на Фондот за Иновации и Технолошки Развој
Игор Маџов, Програмски директор Стартап Македонија
*Настанот ќе биде организиран според сите протоколи и ограничувања за заштита и безбедност од Ковид 19 и ќе биде наменет за публика од 15 луѓе.
Агенда:
17:00 Отворање на настанот
17: 05 Кратка презентација за иницијативата
17:10 Презентација на резултатите од истражувањето “Запознаеност на младите со Проектот “Македонско Старт ап село”
17:20 Обраќање на Директорот на Фонд за Иновации и Технолошки Развој
– г-дин Коста Петров
17:30 Обраќање на Програм Директор на Стартап Македонија
– г-дин Игор Маџов
17:40 Дискусија
17:55 Затворање на настанот
18:00 Кафе вмрежување
 
Овој настан се организира во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Швајцарската амбасада/Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементиран од ИФЕС и НМСМ. Искажаните ставови, мислења и содржини на овој настан не ги отсликуваат оние на донаторот, проектот или имплементаторите.

Сподели на