Повик за ангажирање графити-уметници за проектни активности во рамки на “Graffiti Art Takes the Street”

Почитувани,

Здружението на граѓани Еко Логик, започна со имплементација на проектот “Graffiti Art Takes the Street”. Проектот е поддржан од програмата Еразмус+, со координаторство од страна на Agencia Nacional para a gestao do programa Juventude em Accao”, Португалија.

Целта на проектот е да се продуцираат уникатни графити низ повеќе урбани (градски) локации, со цел да се поттикнат младите и амбициозни артисти да креираат улична уметност/графити, и да се зголеми бројот на графити, како и да се подобри легализирањето на истите. Со тоа, би се пренеле важни општествени пораки за животната средина, климатските промени и екологијата, но и младинско-општествен активизам.

 

Таргет групи и услови за селекција:

    Возраст од 18-29 години

    Подготвено портфолио прикажувајќи искуство во креирање графити

    Ентузијазам за улична уметност

    Искуство и интерес на темите: животна средина, екологија, климатски промени и младински активизам

    Добро познавање на Англискиот јазик

    Согласност за учество во снимање на краток филм за креирањето на графитите

 

Целта на овој повик е да се предизвика интерес кај млади уметници кои имаат искуство со креирање графити, со цел приклучување во изведба на проектните активности.

Исто така, цел е и да се прошири мрежата на контакти помеѓу уметниците, но и да се подобри нивната вработливост, потенцијал, и стекнување искуство.

 

 

Од пријавените учесници се очекува да имаат вештини, интерес, и искуство во креирање улична уметност-графити, на теми:

    Екологија

    Животна средина

    Климатски промени

    Младински активизам

 

Квантитет за финални резултати:

    10 урбани локации со поголема видливост

    Селектирани 5 графити уметници

    Креирање 2 графити од секој уметник

 

Временската рамка за изработка на графити е:

Од 1ви Септември до 1ви Ноември 2021

 

Придобивки од учество во проектните активности:

    Подобрена репутација за уличната уметност графити

    Вмрежување помеѓу уметниците

    Стекнување искуство и збогатување на портфолио

    Учество во проектен краток филм за време на креирањето на графитите

Потребно за пријавување:

Потребно е да се достави професионално портфолио кое прикажува искуство во креирање улична уметност-графити, како и финансиска понуда за услугата изразена во бруто износ (денарска валута).

При креирање на ваша финансиска понуда, земете ја во предвид големината на еден графит која може да биде: 2×2, 2×3, или 3×3 големина.

 

Портфолиото, заедно со финансиската понуда, потребно е да бидат доставени по е-пошта на следната е-маил адреса: [email protected], најдоцна дo: 20ти Август, до 17:00 часот, по што тимот на Еко Логик ќе направи соодветна селекција.

 

 

*Во текот на проектните активности, односно креирање графити, тимот на Еко Логик ќе има редовна и блиска комуникација со уметниците, и ќе биде на нивно располагање за било каква асистенција, насока, како и набљудување на изработката на графити. 

 

Ги очекуваме вашите пријави.

 

Вашето искуство, знаење и споделувања на идеи ни се од огромна значајност за уште поуспешна реализација на проектот.

 

Со почит,

Марија Нешкоска, проектен координатор

Здружение на граѓани “Еко Логик”

075/319-128 и 075/248-609

или [email protected]

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp