Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот “Engaging youth towards improving the narrative about people UNHCR serves” отвара повик за дизајнер.
Ангажманот ќе се состои од креирање на визуелен идентитет на проектот односно проектните активности за кои дизајнерот ќе треба да ги исполни дизајнерските услуги:
Дизајн на промотивни материјали како агенди, тафтери, банери за Facebook и Instagram, инфографици, постери, пенкала, стикери, сертификати, знаме, маици и останати визуелни решенија поврзани со проектот и проектните активности.
Услови за пријавување:
– Минимум три години искуство со графички дизајн;
– Претходно искуство со креирање на дизајнерски решенија кои се однесуваат на бегалци, лица без државјанство, баратели на азил и млади.
Одбраното лице ќе биде ангажирано во период од март 2023 – декември 2023 година.
Повеќе информации се достапни на овој линк.