Поради зголемен обем на активности и проекти, НМСМ објавува оглас за:
Работна позиција: Асистент за комуникации
Профил на кандидатот/ката:
- Одлични комуникациски вештини;
- Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доверените задачи;
- Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
- Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на организацијата;
- Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
- Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
- Самоиницијативност и способност за работа под притисок.
- Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
Како да аплицирате?
Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-мејл адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Асистент за комуникации најдоцна до 21.05.2023 до 23:59 часот.
Само претселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и интервју.
Повеќе информации за самиот повик се достапни тука.