Rock – Solid Foundation нуди можности за дванаесетмесечни, долгорочни ЕСК проекти во Холандија кои започнуваат од 1ви септемри 2021 година!
Програмата ги опфаќа следните проекти:
- Проект “Humanitas” – волонтерите работат во иста куќа цела година. Куќите се лоцирани во Ede и Amersfoort.
- Проект “Siza” – волонтерите се групирани во групи со кои работат и живеат. Во некои од групите има луѓе со попречености.
- Проект “De Glind” – волонтерите ќе живеат во село, каде што и ќе работат. Ќе работат во фамилијарните домови и локалното училиште.
- Во Rock solid – волонтерите имаат можност да работат на различни работни места, различни организации (семејни домови и дневен центар (театар)) за инвалидни лица и неколку домови за стари лица со деменција.
- Новост во Rock solid – волонтерите ќе работат во социјален ресторан со мал хостел (3 двокреветни соби, со кревети на спрат). За овој ресторан е потребен четири член тим на готвачи, сервери и управител на смена, сите ќе бидат под професионално водство од страна на менаџерот на ресторанот.
*Волонтерите можат да аплицираат за сите проекти или само за еден од нив, но не можат да изберат конкретно работно место.
Лунтерен, село во средината на Холандија, е „центарот“ на проектите (тука ќе живеат волонтерите, ќе посетуваат курсеви по Холандски јазик и ќе бидат организирани сите тимски активности.), така што времето на патување до работа со велосипед, автобус или воз може да трае помеѓу 25 минути до 1 час и 20 минути. Вкупно, волонтерите ќе работат помеѓу 36 и 40 часа неделно, вклучувајќи часови по Холандски јазик, патувања и други задолжителни активности (со исклучок на тимски работилници).
Од страна на домаќин организацијата обезбедени се сместување, храна, месечен џепарлак, осигурување, часови по Холандски јазик и тренинзи на тема волонтирање.
Начин на аплицирање:
- Апликацијата треба да содржи: CV, мотивациско писмо со фотографија и Фејсбук контакт.
- Кандидатите треба да ја испратат својата апликација до Крис ван Маанен на е-маил: [email protected].
Рок на аплицирање: 01.03.2021г.
Подетални информации за повикот може да најдете на следниот инфо кит.
Доколку сте заинтересирани и/или имате дополнителни прашања, контактирајте не на [email protected]