Младински образовен форум (МОФ) во партнерство со Претставништвото на УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, во Северна Македонија и Скопски маратон отвора ПОВИК за волонтери на водна станица на овогодинешниот Скопски маратон кој ќе се одржи на 06 октомври 2024 година (недела).
Учеството на маратонот, освен што ја поттикнува физичката активност и грижата за здравјето кај младите, има за цел да ја подигне свеста и да служи како мотивација за младински активизам, солидарност и подавање рака на секого на кого му е тоа потребно. Под мотото „Трчај за бегалците“, пријави се да ја подигнеш свеста за потребата од солидарност, поддршка и интеграција на бегалците.
Денот на волонтерите започнува во 6:30 часот наутро.
Обврски на волонтерите:
- Да пристигнат без доцнење на определената локација во Скопје;
- Логистичка помош при поделување на вода и храна на учесниците на маратонот;
- Управување на станиците за вода и насочување на тркачите;
- Создавање на позитивна атмосфера и бодрење на учесниците на маратонот; и
- Расчистување и собирање на отпадоци.
Начин на пријавување:
Сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на формуларот достапен тука.
Рокот за пријавување е до 30.09.2024 (петок) до 23:59 часот.
Дополнителни информации:
Иницијативата „Трчај за бегалците“ се организира 8-ма година по ред.
Оваа активност е дел од проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за луѓето за кои УНХЦР се залага” поддржан од УНХЦР.
За сите дополнителни информации и прашања, може да се обратите на Орце Николовски на [email protected] или на 072 252 009.