[wpml_language_selector_widget]

Повик за вработување за окупационен терапевт (2)-Специјален едукатор и рехабилитатор, социјален работник или психолог

  • Позиција: Окупационен терапевт
  • Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно) Понеделник до петок од 9 до 17 часот. 
  • Локација: Црниче, Скопје
  • Вид договор: Можност за договор за вработување или договор на дело 

Позадина:

Проектот Добивање живот “- Деинституционализација на жителите на институцијата Специјален Завод – Демир Капија, се очекува да поддржи преселување на 45 лица со интелектуална попреченост од установата  во 9 независни станбени единици во  Вардарски регион. Со цел да се обезбеди поддршка на лицата со интелектуална попреченост што ќе живеат во независните станбени единици, ПИН и Центар за младински активизам Цма Крик ќе ангажираат персонал кој ќе обезбеди помош и поддршка. Како дел од проектните активности, се воспоставува дневен центар за лица со попреченост во Црниче, Скопје.

Опис на работно место ( Окупационен терапевт ) (2 позиции)

Окупационен терапевт помага во извршување на професионална услуга на млади и возрасни корисници на дневен центар за лица со попреченост, ефективно, ефикасно и навремено спроведува програма за работа и решава прашањата на во врска со корисниците кои ја користат услугата.

Должности и одговорности ( Окупационен терапевт)

Помага на корисниците да станат посамоуверени во изведувањето на самостојни секојдневни активности, да се постигне максимална самостојност во секојдневниот живот
Креирање, спроведување и следење на прогресот на програма за работа на окупационен терапевт
Промена, одржување или воспоставување на активности за грижа за себе на корисниците во секојдневни активности
Воспоставување и/или промена на изведување на групни активности во дневен центар
Создавање и прилагодување на активности за слободно време како хоби, одмор, рекреација
Следење на прогресот на корисниците и адаптирање на активностите според нивните потреби

Потребни квалификации:

  • да биде државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да се биде возрасен над 18 години
  • да имаат општа здравствена способност за работата
  • да имаат завршени студии по специјална едукација и рехабилитација, социјална работа или психологија
  • да има искуство со работа со лица со попреченост
  • со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност

Како да се аплицира

Мажите и жените се подеднакво охрабрени да аплицираат. Ве молиме, испратете CV на е-адресата: [email protected] и [email protected]

Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Окупационен терапевт Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани.

Само селектираните  кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабруваат да аплицираат. Рокот за пријавување е до 22.05.022 година, во 23:59 часот.

Плата 

Обезбедени месечни средства во бруто сума од 30 000 мкд. Можност за вработување со договор за вработување или договор на дело.

Договор за вработување-20 000 мкд нето сума

Договор на дело-27 000 мкд нето сума

Сподели на