Повик за вработување за окупационен терапевт-Специјален едукатор и рехабилитатор

  • Позиција: Окупационен терапевт
  • Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно) Понеделник до петок од 9 до 17 часот. 
  • Локација: Црниче, Скопје
  • Вид договор: Можност за договор за вработување или договор на дело 

Позадина:

Проектот Добивање живот “- Деинституционализација на жителите на институцијата Специјален Завод – Демир Капија, се очекува да поддржи преселување на 45 лица со интелектуална попреченост од установата  во 9 независни станбени единици во  Вардарски регион. Со цел да се обезбеди поддршка на лицата со интелектуална попреченост што ќе живеат во независните станбени единици, ПИН и Центар за младински активизам Цма Крик ќе ангажираат персонал кој ќе обезбеди помош и поддршка. Како дел од проектните активности, се воспоставува дневен центар за лица со попреченост во Црниче, Скопје.

Опис на работно место ( Окупационен терапевт ) (1 позиција)

Окупационен терапевт помага во извршување на професионална услуга на млади и возрасни корисници на дневен центар за лица со попреченост, ефективно, ефикасно и навремено спроведува програма за работа и решава прашањата на во врска со корисниците кои ја користат услугата.

Должности и одговорности ( Окупационен терапевт)

Помага на корисниците да станат посамоуверени во изведувањето на самостојни секојдневни активности, да се постигне максимална самостојност во секојдневниот живот
Креирање, спроведување и следење на прогресот на програма за работа на окупационен терапевт
Промена, одржување или воспоставување на активности за грижа за себе на корисниците во секојдневни активности
Воспоставување и/или промена на изведување на групни активности во дневен центар
Создавање и прилагодување на активности за слободно време како хоби, одмор, рекреација
Следење на прогресот на корисниците и адаптирање на активностите според нивните потреби

Потребни квалификации:

  • да биде државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да се биде возрасен над 18 години
  • да имаат општа здравствена способност за работата
  • да имаат завршени студии по специјална едукација и рехабилитација
  • да има искуство со работа со лица со попреченост
  • со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност

Како да се аплицира

Мажите и жените се подеднакво охрабрени да аплицираат. Ве молиме, испратете CV на е-адресата: [email protected] и [email protected]

Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Окупационен терапевт Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани.

Само селектираните  кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабруваат да аплицираат. Рокот за пријавување е до 25-ти февруари 2022 година, во 23:59 часот.

Плата 

Обезбедени месечни средства во бруто сума од 28 290 мкд. Можност за вработување со договор за вработување или договор на дело.

Договор за вработување-19 211 мкд

Договор на дело-25 146 мкд

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp