ПОВИК за доделување грантови за креативни акции и кампањи на граѓански организации и активистички јадра

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во рамки на концептот „Зелен скок – Партнерства за климатска акција“, објавува повик за доделување грантови за креативни акции и кампањи на граѓански организации и активистички јадра кои активно работат и /или имаат интерес да работат на унапредување на заштита на животната средина; сакаат да придонесат за зголемување на јавната свест за потребата од промена на негативните однесување на поединците и заедниците, бизнисите, одговорна и отчетна работа на локалните власти, централните власти и јавни институции  во областа климатски промени.

ФООМ ќе поддржи проекти за иновативни и креативни акции и кампањи кои треба да укажат на тековните предизвици и да понудат решенија или дополнително толкување за последиците од неактивноста за сопирање на енормното аерозагадување, растечката загрозеност на биолошката разновидност, намалувањето и злоупотребата на зелените површини и водите, управувањето со цврстиот отпад итн.

Предлог проектите треба да користат креативен пристап за едукација на граѓаните и јакнење на свеста,  да поттикнат дискусија во јавноста за унапредување на решенијата за политиките, каде што гласовите и придонесите на граѓаните од економски и социјално загрозените заедници ќе бидат почитувани и вклучени; да ја мобилизираат јавноста и да се застапуваат за подобрување на политиките и практиките кои се однесуваат на заштита на животната средина и ефективна климатска акција.  Како дел од пристапот проектите ќе треба да предвидат да организираат и фасилитираат консултативни процеси за вклучување на заедниците во решавањето на проблемите кои ги засегаат и се очекува да предизвикаат видливо влијание и позитивни промени во ставовите и однесувањето и на членовите на заедниците и на претставниците на локалните власти. За организациите и активистичките јадра кои ќе бидат избрани да добијат грантови за проектите, а ќе имаат потреба ФООМ ќе обезбеди обука за користење на методологијата за креативен активизам. Проектите треба да промовираат интегративен пристап со фокус на заедниците, родот и лицата со посебни потреби.

Вкупниот фонд за поддршка на овој тип проекти е 80.000 американски долари. Максималното траење на проектите треба да биде осум месеци.

Материјалите за пријавување се достапни на линковите подолу. Пријавата треба да биде целосно пополнета, со користење фонт Calibri, големина 11. Пријавите, заедно со дополнителните документи, треба да се поднесат електронски, и тоа и во word и во pdf формат,  на следнава адреса: solunka.zoksimovska@fosm.mk со наслов на пораката кој содржи Име на подносител и наслов на проект/иницијатива. Доколку имате прашања, поставете ги на solunka.zoksimovska@fosm.mk и adrijana.lavchiska@fosm.mk најдоцна пет дена пред истекот на крајниот рок за поднесување пријави.

Рокот за поднесување пријави е до 21 март 2021. ФООМ го задржува правото да не додели средства доколку процени дека предлог проектите не ги исполнуваат очекуваните стандарди. Во текот на процесот на оценување, ФООМ може да побара дополнителни информации за предлог-проектот, а тоа не подразбира дека предлог-проектот ќе биде поддржан.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp