[wpml_language_selector_widget]

ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА NEEDS ASSESSMENT НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

За потребите на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, отвораме повик за експертски услуги за needs assesment за социјални претпријатија во Македонија.

За проектот

Главна цел на проектот е да поттикне економско зајакнување и развој на социјални претпријатија предводени од млади. Преку различни активности, проектот ќе обезбеди можности за градење капацитети за невработени млади лица, a истовремено ќе ги води низ процес на саморазвој и раст во полето на социјалното претприемништво како модерен начин на самовработување. Проектот се стреми да воспостави поволна средина за младинско социјално претприемништво со што би се намалила невработеноста кај младите; да ги зајакне компетенциите и капацитетите на ранливите млади; да го промовира социјалното претприемништво предводено од млади; да ги вклучи младите во социјалните претпријатија како и да обезбеди простор за прибирање средства за имплементација на нови идеи за социјални претпријатија. Главни активности на проектот се: детална анализа на социјалното претприемништво, градење на капацитетите преку обуки за меки вештини, претприемништво, прибирање средства и вклучување во заедницата, финансиска поддршка за социјални претпријатија преку грантова шема, веб платформа за прибирање финансиски средства која исто така ќе служи и  како национален ресурсен центар за социјално претприемништво како и  креирање на Национален акциски план за младинско вработување 2022-2025.

За ангажманот

Експертот/правниот субјект ангажиран за изработка на needs assessment анализата е предвидено својот ангажман да го заврши помеѓу 15 јуни и 31 јули 2022. За ангажманот се предвидени вкупно 15 консултантски денови. На експертот на располагање ќе му стојат ресурсите на Националниот младински совет на Македонија, вклучувајќи го и проектниот тим. Со избраниот експерт/правен субјект ќе се одржи информативен состанок за проектот каде ќе се ревидира предлог методологијата по која ќе биде изработена анализата (доколку има потреба). Ангажираниот експерт/правен субјект ќе биде исплатен по целосното завршување на
анализата и по нејзиното одобрување од страна на донаторот.

Очекувани резултати

Експертот/правниот субјект ќе треба да:

– Направи проценка на поддршката која им е потребна на социјалните претпријатија во областа на иновација и технологија, обука и развој на човековите ресурси во претпријатијата
– Направи проценка на капацитетите на вработените/ангажираните лица во социјалните претпријатија и истражи во кои области е потребна дополнителна дообука и надградба на вработените во социјалните претпријатија
– Направи проценка на демографијата на вработените во социјалните претпријатија (дали се лица во социјален ризик, дали има прогрес во нивната економска самостојност по вработувањето во социјално претпријатие, во кои области може да се надградуваат професионално).

Во апликацијата потребно е да се содржани следните документи:

– Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1)
– Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од
една година
– Методологија (анекс 6)
– Биографија на експертот со референци/Портфолио на правниот субјект и
биографии на тимот кој ќе работи на анализата
– Потпишана изјава за ексклузивност и достапност, (документ во прилог,
анекс 5)
– Потпишана изјава (за правни субјекти) дека нема правни пречки за
реализација на активноста (документ во прилог, анекс 4).

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.

Начин на аплицирање

Понудата се се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул.Вељко Влаховиќ 7/1-1, 1000 Скопје) или скенирана на е-поштa [email protected] Како наслов на електронската порака наведете: ,,Апликација/Понуда за тендер бр. IPA/2021/427-552/2022/05-19/1, најдоцна до 30.05.2022.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице/понудувачот (доколку е физичко лице).

Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени. 

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од понудувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“. 

Понудата треба да се достави во рок од 10 дена од датумот на повикот, не подоцна од 30.05.2022 година (понеделник), до 16:00 часот.

Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени. 

Сподели на