Повик за интеркултурни размени во живо во Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина

Имаш идеја и концепт како да разработиш одредена тема од областа на медиумите, медиумската писменост и интеркултурниот дијалог? Покрај тоа, веќе имаш пријатели од Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, или сакаш да ги стекнеш? Имаме одлична вест за тебе! 

Во рамките на проектот „Youth in Western Balkans – A Virtual Postcard“, заедно со партнерите од Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, објавуваме заеднички ПОВИК за интеркултурни размени кои ќе се одржат во четири земји – Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, а кои имаат за цел изработка на мултимедијални содржини.

Потребно е да имаш 18-30 години, да доаѓаш од некоја од наведените земји и да испратиш концепт кој подразбира идеја и цели на производот, а кој ќе го развиеш понатаму заедно со врсници/чки од регионот и ментори/ки во медиумски мултимедијални производи (текст, видео, подкаст и слично).

Процес на пријавување и селекција

Рокот за испраќање на концептот и пополнување на формуларот кој се наоѓа овде е 15-ти септември 2024 година до 12:00 часот.

Известување за исходот од селекцијата и подготовките за почеток на размената ќе добиете на 20-ти септември 2024 година.

Максималниот број на лица во група е четворица, додека вкупниот број на групи ќе биде 12 (три групи во секоја земја). Доколку немаш тим од соседните земји, по пристигнатите пријави, комисијата која ќе ја сочинуваат ментори/ки на овој проект ќе формира групи врз основа на пристигнатите концепти.

Посебни критериуми за оценување на пристигнатите идеи ќе бидат:

  • Оригиналност и креативност
  • Квалитет на аргументацијата и размислувањето
  • Релевантност на темата

Почеток на менторските групи

Почетокот на менторските групи е планиран за последниот викенд од септември или најдоцна во првата недела од октомври во живо. Планирано е младите да се соберат во Србија (Белград, Ниш и Нови Сад), Босна и Херцеговина (Сараево, Бања Лука, Требиње), Северна Македонија (Скопје, Битола и Охрид) и Црна Гора (Подгорица, Цетиње и Бар). Размените ќе траат два дена, а сите трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторите.

Трошоците за изработката на содржини кои ќе бидат креирани во рамките на размените кои ќе се случат во живо ќе бидат покриени од страна на организаторите на програмата. Изработените продукти ќе можат да влезат во конкуренција за национални и регионални награди за кои ќе биде објавен повик во октомври 2024 година, но е планиран и за 2025 година.

За сите прашања поврзани со повикот можете да пишете на мејл адресата [email protected].

Сподели на