За проектот
Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Младинската група. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија, а неговата цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. Ова проектот ќе го постигне преку три компоненти, и тоа:
- Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно работно место;
- Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и
- Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за нивен личен и професионален развој.
Со цел поголема видливост на активностите и превидените реултати на проектот, Национален младински совет на Македонија отвара повик за комуникациски специјалист.
За ангажманот
Комуникацискиот специјалист ќе има задача да креира и реализира план за промоција на неколку клучни активности кои ќе се реализираат преку проектот:
- Промоција на 4 МладиХаб канцеларии во следните градови:
- Скопје
- Тетово
- Штип
- Битола
- Промоција на CareerHub платформата
- Помеѓу компании
- Помеѓу млади
- Промоција на настаните и активностите организирани преку проектот
- Account management и content creation (mladihub.mk и MladiHub профил на Фејсбук)
Финансиска понуда
Комуникацискиот специјалист ќе биде ангажиран со договор на дело и можност за remote work. Договорот ќе биде за 7 месеци, од септември 2021 до март 2022 година, со ангажман од 10 работни дена месечно, со предвиден надомест по ден од 100 евра бруто.
Начин на пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба да достават свое портфолио, во кое ќе назначат и најмалку 3 референци од претходни слични ангажмани на [email protected] најдоцна до 11.08.2021, до полноќ. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на [email protected].
ТЕКСТ