Работни обврски на Координатор за комуникации
Генерална цел на работата:
- Осмислување на дизајни за промоција на програмските и проектните активности на организацијата;
- Креирање на дизајни за промоција на програмските и проектните активности на организацијата;
- Асистенција при раководењето на профилите на социјалните медиуми на организацијата
- Координација на најголемиот ден за можности за средношколци Social day 2023 (прочитај тука за што станува збор)
Задачи и одговорности:
- Учество во воспоставување правила за екстерно брендирање и нивна примена;
- Учество на настани и креирање на содржина за време на настаните која подоцна ќе се користи за промоција;
- Подготовка на canva дизајни за веб страните на Младите можат, платформата Час за час, платформата Кариерен пат и други веб платформи со кои програмски може да раководи Младите можат, како и дизајни за објави на социјалните медиуми;
- Одржување и редовно ажурирање на веб страните на Младите можат, платформата Час за час, платформата Кариерен пат и други веб платформи со кои програмски може да раководи Младите можат;
- Грижа за видливоста на активностите на организацијата преку редовни објави на социјалните медиуми;
- Дизајнирање на објави за информативни кампањи на Младите можат, застапувачки и друг тип на кампањи;
- Водење грижа за онлајн достапност на сите позначајни документи (публикации, извештаи, позиции, видеа итн ) на организацијата;
- Подготовка на canva дизајни и објави за проектните активности на организацијата;
- Грижа за унифицирање на видливоста на сите проектни и програмски активности на Младите можат;
- Креирање на содржините кои ги пласира во јавност, вклучувајќи соопштенија за медиуми, покани за медиуми и други содржини кои произлегуваат од проектните и програмските активности на организацијата;
- Подготвува годишен работен план согласно Комуникациската стратегија, заедно во соработка со Извршниот директор, останатите координатори и тела на Младите можат;
- Подготовка на canva дизајни за наративни (периодични, финални и ad hoc извештаи) за донатори, собрание и други засегнати страни, доколку е потребно;
- Воспоставување и одржување комуникација и соработка со бизнис заедницата при организација на Social day;
- Промоција на Social day пред сите засегнати страни (средношколци, средни училишта, бизнис заедница, државни институции)
- Координација на програмски тим за организација на Social day (координатори на региони, волонтери )
Одговорности кон тимот:
- Придонес во спроведување на процесот на институционален развој на Младите можат и градење капацитет на Извршната канцеларија
- Градење на капацитетите на Извршната канцеларија и другите тела на Младите можат за обезбедување поголема видливост на работата на организацијата;
- Успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а, согласно портфолиото за работа;
- Комуникација, координација и соработка со членовите на Извршната канцеларија и Управниот одбор;
- Поднесување месечен извештај за својата работа до Извршниот директор.
Критериуми за аплицирање:
Образование (одсек): Општествени науки (Маркетинг, Новинарство, Комуникациски студии) или завршен курс/академија за дигитален маркетинг/графички дизајн
Години на работно искуство: Минимум: 1 Пожелно: 2
Технички и професионални вештини:
- Работа со Canva програм за креирање на дизајни
- Пожелно познавање на некоја од програмите за креирање на дизајни (Photoshop, Illustrator и друго)
- Познавање на програма за креирање на видео содржини
- Познавање на граѓанскиот сектор и младинската работа
Основни карактеристики:
- Лојалност
- Организираност
- Професионалност и посветеност
- Способност за индивидуална и работа во тим
- Работа во куси рокови
- Менаџмент на време
- Менаџмент на конфликти
- Прилагодливост во однос на работни часови и работно време, како и работа од канцеларија, од дома и обврски кои наметнуваат повремено патување во рамки на државата
Неопходни јазици: Македонски и Англиски јазик (албански јазик е пожелно)
Дополнителни информации:
Ангажманот започнува од 1 февруари 2023г. со пробен период од минимум 1 месец. Ангажманот е со полно работно време од 40 часа на неделно ниво, со работа од канцеларија во Скопје. Работното време е флексибилно, во согласност со работните обврски. За ангажманот е предвиден финансиски надомест од 43.000 денари бруто сума, со редовно вработување.
Начин на аплицирање:
Испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на [email protected] со назнака Апликација за Координатор за комуникации на Младите Можат
Рок за пријавување: 28 јануари, 2023 година, 23:59
Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected] или на 078 31 39 31