Повик за Координатор за членство на Младите можат

 

Работни обврски на Координаторот за членство

Генерална цел на работата:

  1. Раководење со членството на Младите можат и координација на процесите на градење капацитети на членството;
  2. Одржување двонасочна комункација помеѓу органите и телата на Младите можат со членовите;
  3. Менаџирање со програмите за членството на Младите можат.

Задачи и одговорности:

  1. Раководење на програма за врсничка едукација за ментално здравје во рамки на членството на Младите можат;
  2. Раководење со тим на промотери – членови на Младите можат за подготовка на годишен Social day (повеќе прочитај тука);
  3. Правење на план за промоција на програмите за членство;
  4. Контактирање на потенцијални нови членови;
  5. Правење на план за реализација на програмите за членство;
  6. Координирање на членовите во соодветните програми во кои се пријавиле;
  7. Следење на програмите дали се реализирани и до каде;
  8. Следење на вклученоста на членовите во програмите;
  9. Промоција на програмите за членство;
  10. Унапредување на содржините за членство;
  11. Водење на архива на членството;
  12. Организира настани и активности за членовите на Младите можат, во рамки на едукативните програми;
  13. Организира настани и активности за меѓусебна комуникација на членовите на Младите можат и помеѓу членовите на едукативните програми;
  14. Одговорен е за избор на претставници на Младите можат на настани, обуки, тренинзи;
  15. Идентификување потреби за развој на капацитети на членовите, подготовка на план за градење капацитети, координација на членовите за учество во процесот на градење капацитети;
  16. Поттикнување на членовите за соодветно вклучување во процесите на стратешко, годишно и проектно планирање и обезбедување навремен содржински придонес од членовите во подготовка на плановите и проектите;
  17. Контакт со соработници во склоп на програмите за членство;

Одговорности кон тимот:

  1. Придонес во спроведување на процесот на институционален развој на Младите можат и градење капацитети на канцеларијата;
  2. Комуникација, координација и соработка со членовите на Извршната канцеларија и Управниот одбор;
  3. Известување за состојбата на базата на членство;
  4. Подготовка на насоки за начини на вклучување на членовите во проектните активности;
  5. Поднесување месечен извештај за својата работа до Извршниот директор.

Критериуми за аплицирање:

Образование (одсек):    Општествени науки (Психологија, Социологија, Социјална работа)

Години на работно искуство:      Минимум:  1          Пожелно: 2

Технички и професионални вештини:

  • Менаџирање на програмски и проектни активности
  • Менаџирање на човечки ресурси
  • Познавање на граѓанскиот сектор и младинската работа
  • Проектен менаџмент
  • Лидерски вештини

Основни карактеристики:

  • Лојалност
  • Организираност
  • Професионалност и посветеност
  • Способност за индивидуална и работа во тим
  • Работа во куси рокови
  • Менаџмент на време
  • Менаџмент на конфликти
  • Прилагодливост во однос на работни часови и работно време, како и работа од канцеларија, од дома и обврски кои наметнуваат повремено патување во рамки на државата

Неопходни јазици: Македонски и Англиски јазик (албански јазик е пожелно)

Дополнителни информации:

Ангажманот започнува од 1 февруари 2023г. со пробен период од минимум 1 месец. Ангажманот е со полно работно време од 40 часа на неделно ниво, со работа од канцеларија во Скопје. Работното време е флексибилно, во согласност со работните обврски. За ангажманот е предвиден финансиски надомест од 43.000 денари бруто сума, со редовно вработување.

Начин на аплицирање:

Испраќање на кратка биографија и мотивациско писмо на [email protected] со назнака Апликација за Координатор за членство на Младите Можат

Рок за пријавување: 20 јануари, 2023 година, 23:59

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected] или на 078 31 39 31

Сподели на