За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвараме повик за 1 координатор на меѓународни волонтери од програмата Европски солидарен корпус.
Основни информации:
Полно работно време или 40 часа неделно (од понеделник до петок од 8 или 9 до 16 или 17 часот.
Аплицирај со кратка биографија и мотивационо писмо на [email protected]
Рок за аплицирање: 01.10.2023 – започнување со работен ангажман – најбрзо што може
Работни обврски:
- Да ја координира работата на меѓународните волонтери
- Подготвува нови волонтери да започнат со волонтирање во Крик
- Да подготви неделна програма соодветно потребите на волонтерите и организацијата
- Да го следи развојот и стекнување на нови вештини на волонтери
- Да организира координативни и евалуациски состаноци со волонтерите
- Да обезбеди техничка и логистичка поддршка при организирање настани и активностите кои се спроведуваат во склоп на активностите на волонтерите
- Да фацилитира сесии на различни теми за почетна обука на волонтерите (4 дена обука-програмата е веќе подготвена)
- Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
- Директно е вклучен во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
- Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;
- Заедно со тимот на Крик создава нови програми во зависност од потребите на целната група и ги вклучува волонтерите во истите
- Го координира процесот со наоѓање и одржување на она што е потребно за живеалиште за волонтерите
Потребни квалификации:
- Компетенции за фацилитација на настани и активности за млади лица со попреченост и без;
- Да биде способен/а програмски и логистички да организира настани и активности;
- Да има познавање од едукативните настани од програмата Европски солидарен корпус и Ерасмус + и програмското и логистичкото работење на програмата при склопувања партнерства и комуницирање со партнери;
- Флексибилност при одговарање на менување на потребите на волонтерите и извршната канцеларија;
- Способност да придонесува и работи во тим;
- Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
- Да има напредни познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори;
- Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација;
- Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
- Да има искуство во координирање/поддршка на група на волонтери при спроведување на програми
- Да го разбира Европскиот волонтерски сервис ***работа со ЕВС тволонтери и ЕВС искуство се смета за предност;
- Да има познавање од работа во мешани групи со лица со попреченост и без;
- Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик.
Што нудиме:
Флексибилна работна средина
Тим спремен да ве поддржи во работата
25 дена годишен одмор
Патувања во странство на работни состаноци и обуки
Можност за ангажман со вработување или хонорарен ангажман (според потребите на кандидатот)
Работен простор: извршна канцеларија на Цма Крик кој се наоѓа во Црниче