Во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ отвораме Повик за ментор за трансформација на ученички и младински бизнис иницијативи во мали и средни претпријатија.
За ангажманот:
Работните задачи на Менторот опфаќаат:
- Креирање на процесот за избор на младински и ученички бизнис иницијативи за учество во програма за трансформација и раст;
- Поддршка на растот и трансформацијата на избраните иницијативи во мали и средни претпријатија;
- Придонес во креирањето на пакет алатки за трансформација на регионално ниво
Менторот ќе биде ангажиран за 40 работни дена во период од 8 месеци (мај – декември 2022 година), од кои 7 дена за активност бр. 1, 26 дена за активност бр. 2 и 7 дена на активност бр.3.
Понудата треба да ги содржи следниве информации:
- Финансиска понуда
- Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година;
- Кратка биографија на експертот со референци;
- Потпишана изјава за ексклузивност и достапност,
- Потпишана изјава (доколку се работи за правно лице) дека нема правни пречки за реализација на активноста.
Сите потребни документи за аплицирање се достапни тука.
Повеќе информации за менторот за трансформација на бизнис иницијативи најдете тука.
На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица. Правните лица можат да аплицираат со тим од двајца консултанти. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.
Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.
Понудата се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул.Вељко Влаховиќ 7/1- 1, 1000 Скопје) скенирана на е-поштa [email protected].
Како наслов на електронската порака наведете: ,„Апликација за ментор – BY LEAP – назив/име и презиме”.
Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице/понудувачот (доколку е физичко лице).
Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од понудувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“.
Понудата треба да се достави најдоцна до 25.04.2022 година (понеделник).
Целосниот повик е достапен тука.
*Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.