Повик за младинска размена во Словачка во рамки на проектот EUROASIA VOL.2

ОПИС

Во рамки  на проектот EuroAsia vol.2, Младиинфо Словачка, како проектен лидер организира и ќе биде домаќин на Младинска размена меѓу европските партнери од проектот, Франција, Италија, Северна Македонија и Чешка. По 5 учесници од секоја земја ќе учестуваат на овој настн со цел да стекнат повеќе знаење и вештини на тема волонтирање, со фокус на улогата на волонтерот и вредностите, размена на искуства и култура со земјите од Азија и слично.

Младинската размена ќе се одржи во Словачка, Долни Кубин, од 18 до 25 октомври. Точните датуми на пристигнување и заминување ќе бидат потврдени во септември (поради „Ковид-19“ мерките во земјата на поаѓање и пристигнување).

КРИТЕРИУМИ

Повикот е отворен за млади луѓе од Македонија на возраст од 18-30 години кои имаат интерес за волонтирање во странство со фокус на волонтирање во Азиските земји.

ТРОШОЦИ

Сите трошоци за сместување, пат и оброци се покриени од страна на организаторот. Трошоците за превоз се рефундираат до максимална сума од 275 ЕУР. Учесниците се должни сами да извадат патничко осигурување.

АПЛИЦИРАЊЕ

Доколку сакаш да си дел од овој настан испрати го твоето CV на [email protected] најдоцна до 2 октомври 2021.

Прочитај повеќе информации на инфо документот тука

Условите за патување на настанот и одржување на истиот ќе зависат од Ковид – 19 мерките. 

.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp