Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 1 лидер на група и 4 млади учесници за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „Medi(a)terranean“, која ќе се одржи во Стратони (Халкидики), Грција од 21-ви август до 3-ти септември 2022 година.
Medi(a)terranean е младинска размена која цели кон истражување на културните сличности меѓу земјите-учесници, поттикнување солидарност и единство, помагање на младите луѓе со помалку можности да се изразат и промовирање на повеќе инклузивни заедници преку медиумски активности и нови технологии. Младите ќе имаат можност да се запознаат едни со други, да ги истражуваат нивните култури и да се изразат себеси, како и да ја подигнат свеста за теми од нивен интерес преку различни форми на медиуми (радио, новинарство, видео, фотографија и социјални медиуми).
Главните цели на проектот се: 1) да се зајакнат културните сличности преку меѓукултурен дијалог и можност да се изразат и промовираат овие сличности преку медиумски активности, 2) да ги научи учесниците за методите и алатките на меѓукултурниот дијалог, 3) да се скршат стереотипите и предрасудите, а истовремено да се промовира инклузија и различност и 4) да се разбере начинот на работа преку неформално образование и да се разменат искуства и добри практики меѓу учесниците.
Проектните активности предивидуваат дека по 1 учесник од секоја национална група ќе учествува на само 1 медиумска работилница која ќе трае 5 дена на следните теми: 1) Фотографија, 2 Изработка на видео, 3) Новинарство, 4) Радио, 5) Социјални медиуми.
На младинската размена ќе земат учество 40 млади и младински лидери од Македонија, Грција, Египет, Шпанија, Турција, Италија, Кипар и Малта.
Услови за учество:
- Групниот лидер треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на проектот (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 155€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Грција“.