Гоу Грин во рамки на проектот „Млади амбасадори за климатски промени“ објавува повик за 20 млади амбасадори. Кандидатите треба да се на возраст од 16-21 гоидна, како и да имаат интерес во областа на климатската дипломатија и COP26.
Проектот „Млади амбасадори за климатски промени“ има за цел да ги едуцира младите за климатска дипломатија, да креираат младински барања за климатски промени и да ја развие свеста во земјата за важноста од амбициозни цели за Конференцијата за климатски промени на ООН (COP).

Младите амбасадори: ќе научат што е климатска дипломатија на онлајн курсот за Климатска Дипломатија 17-19 декември 2020
ќе научат како се преговара и донесуваат договори при симулација на Конференцијата за климатски промени на ООН (COP26) во февруари
ќе бидат гласот на младите за климатските промени
Краен рок за пријавување: 6 декември 2020
Интервју: 7-9 декември 2020
Заинетресираните може да се пријават тука.
За било какви прашања, обратете се кај [email protected]