Повик за млади истражувачи

Младинскиот образовен форум (МОФ) отвора Повик за млади истражувачи!

Ова можност е наменета за студенти или скоро дипломирани/магистрирани млади (18 – 25 години). Претходно искуство во спроведување истражувања не е потребно.

Програмата за млади истражувачи е отворена за 20 млади кои во 4 тима под менторство на искусни истражувачи ќе спроведат истражувања на следниве теми: образование, младинско учество, младинско вработување и пракса, анитикорупција, култура, животна средина.

За учeството во програмата, учесниците ќе добијат стипендии во вредност од 200 долари.

Младите кои ќе се пријават треба да земат предвид дека учеството на обуката ќе бара посветеност – одвојување време за неделни состаноци со тимот и желба за спроведување на истражување.

Исто така, младите истражувачи ќе треба посетат тридневна обука со физичко присуство на која ќе се запознаат со основите на академското пишување, истражувачките методи и методи за застапување во периодот 29 ноември – 1 декември 2024 година (петок – недела).

За учество во Програмата, апликантите треба да ги исполнат следните услови:

  • да се студенти или неодамна дипломирани/магистрирани лица на возраст од 18 до 25 години;
  • да покажуваат интерес во истражувања во областите важни за младите –  образование, младинско учество, младинско вработување и пракса, антикорупција, култура, животна средина.,
  • да се во можност да посетат тридневна обука во живо за млади истражувачи што ќе се одржува во период 29 ноември (петок) – 1 декември (недела);
  • да се во можност да работат во тим и учествуваат во спроведување на истражување со поддршка од ментор во периодот од декември 2024 до март 2025;
  • да го финализираат истражувањето до 20 март 2025 година;
  • да го презентираат своето истражување на настан организиран од МОФ.

Сите заинтересирани можат да се пријават до 19 ноември (вторник) 2024 година со пополнување на ОВOJ ФОРМУЛАР.

Младински образовен форум ќе го направи изборот на учесници врз база на добиените апликации.

Oва се истражувањата кои ги спроведоа учесниците на Програмата за истражување минатата учебна година – Истражување 1, Истражување 2, Истражување 3, Истражување 4.

Сите заинтересирани апликанти кои имаат прашања, потреба од консултација или појаснување за повикот можат да нè контактираат на [email protected].

Програмата се спроведува во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум и Центар за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје. Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Сподели на