[wpml_language_selector_widget]

Повик за обука – “Decepticon”

Во рамки на проектот „Трансформерс“, ко-финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија, каде Сојузот за младинска работа е една од партнерските организации, се подготвува втората обука “Decepticon”.

“Decepticon” е обука за борба против говор на омраза на интернет и конфликтна пропаганда на социјалните мрежи и медиуми. Обуката има за цел да ги изгради капацитетите на младинските работнички/работници во борбата против говорот на омраза и промовирање на алтернативни наративи на говорот на омраза на интернет врз основа на националност, религија и етничка припадност. Учесниците ќе истражуваат различни начини за создавање безбеден онлајн простор за младите да разговараат за минатото, сегашноста и иднината на значајни начини со цел да се олеснат процесите на помирување и градење мир.

📌Каде? Драч, Албанија
📆Кога? 25 мај – 05 јуни 2022
👥За кого?  4 учесници/чки мотивирани младински работници/чки

Пријавете се на овој линк

Ве очекуваме!

Сподели на