За потребите на проектот „Мултикултурализам и радикализација: нови пристапи кон старите проблеми“, ЗРА Аква објавува: Повик за избор на обучувач(ка).
Обуката треба да ги опфати основите на фотографијата и начините за нејзино искористување за адресирање на предизвиците во локалната заедница поврзани со мултикултурализмот и меѓуетничките односи.
Основната цел на проектот е зајакнување на меѓуетничките односи и превенција од радикализација преку систем на врсничко учење и примена на креативни алатки, како и адресирање на проблемите и предизвиците на младите во локалната заедница.
Главна цел на ангажманот е спроведување на едномесечна обука на група средношколци во Струга, со редовни средби еднаш до два пати неделно.
Периодот планиран за спроведување на обуката е октомври-ноември.
Местото на одржување на обуката е во Струга.
Обучувачите ќе биде ангажиран за:
• Утврдување на методологија за одржување на обуките и конципирање на курикулум за истите;
• Спроведување на обуките;
• Евалуација на обуките.
Обучувачите треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:
• Завршено високо образование;
• Искуство во спроведување обуки (предност ќе имаат оние кои имаат искуство со испорака на обуки на предвидените теми);
• Познавање на вештините за фотографија
Заинтересираните кандидати треба да достават:
• Мотивациско писмо (до 500 зборови);
• Кратка биографија (CV) со опис на експертизата релевантна за оваа задача;
• Финансиска понуда
Најдоцна до 20.10.2021 на [email protected].
За било какви дополнителни информации, обратете се на [email protected].