ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ

  1. За проектот 

Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Младинската група. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија, а неговата цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:

  • Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно работно место;
  • Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и
  • Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за нивен личен и професионален развој.

 

  1. За повикот 

Преку компонентата за градење на вештини кај младите ќе обезбеди финансиски надоместок за 100 млади лица кои сакаат да поминат низ двомесечна практикантска програма. Дополнително, НМСМ ќе ги мапира правните субјекти кај кои пријавените практиканти може да ја извршуваат праксата, имајќи ги предвид преференците на правните субјекти и интересите на практикантите.

 

  1. Услови и обврски за учество во програмата 

Сите заинтересирани кандидати за учество во практикантската програма потребно е да:

  • Бидат на возраст од 16 до 29 години
  • Да не се во работен однос
  • Да имаат завршено најмалку основно образование
  • Да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од два месеци во назначен правен субјект.

 

Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на практикантската работа:

  • Назначено ментор лице во правниот субјект кое ќе ги следи во текот на целата пракса
  • Назначено одговорно лице од НМСМ кај кое ќе може да се обратат во текот на целата пракса
  • Месечен нето надоместок во висина од 12 500 денари
  • Можности за учество и вмрежување на настани од проектот
  • Можност за вработување по завршување на практиканството
  • Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.

 

Обврските кои ќе ги имаат практикантите се следните:

  • Уредно, совесно и навремено извршување на доверените задачи;
  • Учество во секојдневната работа на правниот субјект каде ќе биде извршувана практиканстската работа
  • Чување на класифицирани и доверливи податоци стекнати за време на практиканството
  • Почитување на интерните протоколи и прирачници за работа на правниот субјект каде се извршува практиканството.

 

  1. Начин на пријавување 

Заинтересираните кандидати треба да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub и да го пополнат формуларот достапен на овој линкнајдоцна до 25 јули 2021, до полноќ. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на [email protected]или на 070 399 058.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp