[wpml_language_selector_widget]

Повик за практикант/ка во Сфера Интернешнал Битола

СФЕРА Интернешнал објавува повик за вклучување на практикант/ка во канцеларијата во Битола:
 
ПРОФИЛ:
• Желба за стекнување нови знаења
• Основно познавање на Microsoft Office и интернет пребарување
• Одлично познавање на македонски и англиски јазик

ОДГОВОРНОСТИ:
• Kреирање и објавување содржини на sferainternational.org
• Комуникација со локални и интернационални волонтери
• Логистика при организирање на настани
• Креирање на извештаи за организираните настани

Период на практикаство: 1 октомври – 1 јануари 2022 (3 месеци)
Локација на практикантство: Млади Хаб – Битола
Ангажман: до 30 работни часови неделно
Старосна граница: 18-34 години
Надомест: Месечен надоместок обезбеден од програмата за ПРАКТИКАНСТВО на АВРМ, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за периодот за кој се извршува практичната обука.
Постои можност за вработување по завршувањето на праксата.
Начин на пријавување: Вашето CV испратете го на [email protected] со назнака ПРИЈАВА за ПРАКТИКАНСТВО, најдоцна до 21.09. 2022 год.

Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. СФЕРА го задржува правото да го пролонгира на повикот доколку смета дека истото потребно.

Сподели на