Согласно чл. 24 од Статутот на МОФ, Младински образовен форум објавува Повик за програмски/ка координатор/ка на програмата Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики.
Апликацијата за програмски/а координатор/ка се подготвува од страна на кандидатот/ката за позицијата програмски/а координатор/ка во рамки на програмата: Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики. Координаторот/ката на програмата Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики работи со мандат од 18 месеци и има право на неограничен реизбор согласно условите наведени во TOR-от за позицијата.
Опис на обврските на координаторот се наведени во TOR-от прикачен кон овој повик.
Ангажманот на координаторот/ката е 40 часа неделно и за истиот има предвиден финансиски надоместок во износ од 43.000 – 52.000 денари бруто во зависност од искуството и образованието на кандидатот/ката.
Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 16.07.2023 година (недела, 23:59 часот) на [email protected] и [email protected], со праќање на:
– Биографија (CV);
– Moтивациско писмо во должина до 1 страница и
– Апликација за работа во должина од не повеќе од 2 страни.
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју со комисијата составена од членови на Управниот одбор и извршната канцеларија на МОФ. Управниот одбор во полн состав ќе донесе одлука за избор на координатор на програмата.