За спроведување на активностите и проектите АЛДА Скопје има потреба од проектен асистент.
Потребни квалификации:
Завршено високо образование (предност од областа на општествени науки).
Една година работно искуство (предност од областа на спроведување проекти и граѓански сектор)
Потребни вештини:
– Активно познавање на англиски јазик (Усмено и писмено)
– Одлично познавање на компјутерски вештини
– Одлични комуникациски вештини
– Способност за тимска работа и работа во интеркултурна средина
– Подготвеност за работа на терен
– Солидни логистички способности
– Познавање на алатки за дизајн (Photoshop,Ilustrator, Canva) се смета за додадена вредност
– Францускиот јазик се смета за додадена вреднот
Главни задачи и одговорности:
– Поддршка при административно и финансиското раководење на канцеларијата
– Поддршка при спроведување на проекти
– Поддршка при изработка и креирање на проекти
– Логистичка поддршка при организација на настани, работилници и состаноци
– Поддршка при комуникација, изработка на написи и содржина за социјалните мрежи,
– Изработка на проектна документација, извештаи и планови
– Присуство на настани во земјата и странство
– Превод на документи
Зошто да ја одберете АЛДА Скопје?
– Интересна и динамична работа
– Можност за личен и професионален развој
– Динамична работна средина во канцеларијата во Скопје
– Поддршка од меѓународен тим
– Развој на интеркултурни комуникациски вештини
Како да аплицирате:
Доколку сте заинтересирани , испратете ја вашата кратка биографија со мотивационо писмо до 18 јуни 2021 година на [email protected]. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.