Повик за проектен менаџер во СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје

Опис на работно место

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на јавни услуги, климатски промени и образование. Преку својот иновативен и поинаков пристап но и преку својата пасија и посветеност, тимот на СмартАп секојдневно работи на креирање на поубав, поинаков и подобар свет. Составен од млади, амбициозни и мотивирани соработници, тимот секогаш е отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат вредност и позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации”, СмартАП објавува оглас за проширување на својот тим односно за ангажирање на:

Проектен менаџер 

Кои ќе бидат одговорностите на проектниот менаџер?

  • Водење на сесии за планирање на проектот

  • Координација со целиот тим како и со надворешните соработници и консултанти

  • Следење на сите насоки по кои се движи проектот и брза адаптација кон следните чекори

  • Водење на целиот вклучен тим кон остварување на предвидените рокови

  • Посредување во целиот процес меѓу донаторите и корисниците 

  • Подготовка на проектна документација (план и завршен извештај)

  • Подготовка на ризик план 

  • Постојан надзор на тековните активности, како и подготовка на детален план за работа за останатите членови од тимот

  • План за оптимизација и унапредување на тековниот проектот,

  •  Мапирање на идни можности за проекти и унапредувања во процесот

  • Менаџирање и редовна комуникација со целиот вклучен тим, како и надворешните соработници и консултанти

 

Барања

Кои се потребните вештини и квалификации?

  • Минимум три (3) години искуство во менаџирање на проекти поврзани со образованието

  • Решителност, подготвеност и способност за испорака и реализација на успешен план под исклучително тешки и поинакви домашни и светски услови, за време на КОВИД 19 пандемијата

  • Универзитетска диплома од областа на менаџментот е задолжителна

  • Познавањето на програмските активности на Смарт Ап и УНИЦЕФ, особено запознаеност со проектот познат како ЕДУИНО ќе се смета за плус

  • Докажано искуство за работа во една мултидисциплинарна средина, разнолик тим на луѓе,  план и реализација во кратки рокови

  • Флексибилност, одлични комуникациски вештини и одговорност се задолжителни

  • Познавања и разбирање на развојните образовни програми на локално и светско ново

  • Искуство во менаџирање на човечки и другите ресурси соодветно на потребите и динамиката на проектот

  • Одлични вештини за пишување на извештаи, блогови 

  • Способност за реакција во стресни ситуации

  • Способност за мултитаскинг (работа на повеќе активности истовремено)

  • Лидерски способности

  • Генерална визија за активностите 

  • Одлични лидерски способности

  • Око за детали 

  • Вештини за брзо решавање на конфликти

 

Придобивки

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да почне со работа од средина на август 2021 во период од 19 месеци со тоа што првично се прави договор за ангажман во времетрење од 2 месеци

  • Ангажманот се склучува преку Договор за вработување со СмартАп 

  • За позиција се предвидува месечен надомест од 60426 бруто денари, односно 40 000 нето.

  • Неделното работно време е од понеделник до петок, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи

  • Краен рок за аплицирање е 15.07.2021

Сподели на