Вашата организација нека биде носител на позитивни промени во општеството поттикнувајќи и поддржувајќи го волонтерството како алтруистичка активност.
На оваа тема, Граѓанскиот ресурсен центар отвара јавен повик и ги повикува граѓанските организации да бидат дел од работилницата за волонтерство.
Целта на работилницата е претставниците од организациите да се стекнат со основни познавања и усогласено разбирање на клучните поими и процеси поврзани со волонтерството. Да го совладаат процесот на привлекување нови волонтери, нивно активно и долгорочно учество во граѓанскиот сектор.
Дополнително, ќе биде овозможена поддршка во процесот на планирање и ефективно управување со волонтерскиот капитал во вашата организација.
Работилницата ќе се одржи онлајн на платформата ЗООМ на 24-ти и 26-ти март 2021 година од 10:00 до 13:00 часот.
Начин на пријавување
Сите заинтересирани организации пријавата за учество испратете ја на [email protected] најдоцна до 22-ти март 2021 година.
Пријавата можете да ја преземете на овој линк.
Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка, Медиа плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи АДИ од Гостивар.