Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“ отвора повик за учество во повеќе неделен едукативен модул наменет за јакнење на капацитетите на студентите и студентските правобранители во борбата против дискриминацијата во високото образование.
Целта на овој модул е јакнење на капацитетите на студентите и студентските правобранители и надоградба на нивните знаења од областа на спречувањето на дискриминација и постапувањето по истата. Тематските целини кои ќе бидат опфатени во рамки на обуката се:
- Запознавање со дискриминацијата и негативните последици од истата;
- Улогата на студентските правобранители и заштитата на студентските права и обврски;
- Застапување и лобирање;
- Комуникација со јавност и студенти;
- Ментално здравје и психолошки пристап кон жртвите.
Обуката ќе се реализира со хибриден пристап, односно главен дел со физичко присуство, а студентите кои нема да можат да присуствуваат физички, ќе можат истата да ја следат онлајн.
Аплицирањето за обуката ќе се реализира преку следниот линк:
https://forms.gle/uYYMxgmoRN6hjcai6
Учесници на оваа обука треба да бидат сите студенти и студентски правобранители на универзитетите и факултетите во Република Северна Македонија.
Краен рок за аплицирање e 1.11.2021 до крајот на денот.
Учесниците кои ќе го завршат модулот ќе добијат сертификат за успешно поминат едукативен модул.
Оваа активност е дел од проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, поддржан од Фондацијата Oтворено општество – Македонија.