Повик за уредник/чка на Радио МОФ

Приклучи се на тимот на Радио МОФ!

Радио МОФ во новата 2024 година го освежува тимот. Бараме нов уредник/чка, нов член на семејството „радијаши“!

Ние сме мултимедијална платформа (онлајн медиум + радио) фокусирани на млади а постоиме веќе 13 години. Не е мала бројка. Постојано растеме! И, затоа ни е потребно и мало освежување, за да имаме баланс меѓу искуството и младоста, а притоа да си продолжи медиумот со она што најдобро го знае: објективен и професионален пристап, но и давање глас на младите, креативците, активистите, маргиналците.

Редакцијата на Радио МОФ е дел од организацијата Младински образовен форум (МОФ). МОФ е младинска заедница која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини; креира истражувања и политики; обезбедува медиумски простор и информираност; поддржува активизам, самоорганизирање и учество; за општествен развој на младите.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: Уредник/чка на Радио МОФ
ЛОКАЦИЈА: Канцеларија на МОФ, Скопје

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ/КАТА:

  • Да има навршено 18 (осумнаесет) години;
  • Способност да раководи и работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
  • Способност за непречена комуникација со организации, институции и медиуми;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Можност да работи за време на викенди(за чија работа следуваат слободни денови);
  • Можност да патува во рамките на државата и надвор од неа, за потребите на медиумоти организацијата.

ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:

  • Минимум 5 годишно искуство со работа во медиум како новинар;
  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан македонски и англиски јазик;
  • Минимум завршено средно образование. Завршено високо образование во областа на новинарство, комуникациски студии, односи со јавност и/или менаџмент, ќе се смета за предност;
  • Работно искуство во водење на тим, познавање дигитални алатки за монтажа, информирање и промоција ќе се смета за предност;
  • Интерес за известување за младински, образовни и граѓански теми;
  • Напредно познавање на MS Office алатките: Word, Excel и PowerPoint;
  • Познавање на WordPress;

ОПИС НА ГЛАВНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Исполнување на работно време од 40 работни часа неделно;
  • Менаџирање на работата на новинарскиот и техничкиот тим на Радио МОФ;
  • Планирање икреирање на содржини (дигитални) кои медиумот ги пласира во јавност;
  • Работа на теми во доменот на млади, образование, култура, активизам, човекови права, маргинализирани заедници и други теми во согласност со уредувачката политика на Радио МОФ;
  • Применување на професионални стандарди и Кодексот на новинарите на Македонија;
  • Следење и ажурирање на уредничка политика и стратегија, која ќе ги отсликува интересите на целиот новинарски тим на Радио МОФ;
  • Работи на промоција на содржините на Радио МОФ преку онлајн и офлајн комуникации;

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 21.01.2024 година (недела) до 23:59 часот на [email protected] и [email protected], со назнака „Апликација за уредник/чка на Радио МОФ“ со испраќање на:

– Биографија (CV) и

– Портфолио (составено од свои текстови, аудио и/или видео прилози и инфографици).

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју со комисијата составена од членови на Младински образовен форум.

Доколку имате дополнителни прашања, обратете се на: [email protected] и [email protected].

Сподели на