Во рамки на проектот „S.T.R.E.T – Пакет алатки за професори”, здружението за социјални иновации „АРНО“ организира 2 настани на кои ќе се презентираат пакет алатки за професори и ќе се дискутира како претприемничкотo образование може да се надгради со нови содржини за концептите: социјално претприемништво, филантропија и општествена одговорност на претпријатијата.
Настан 1: 26.05.2021, 16:30-18:30ч // Настан 2: 27.05.2021, 16:30-18:30
Локација: Скопје, Центар (избраните учесници ќе бидат известени за точната локација)
Пријавете се преку пополнување на овој формулар. најдоцна до 20-ти мај до 13ч. Ве замолуваме искрено да ни пишете зошто сакате да бидете дел од настанот (кој ќе се одржува во мал формат поради пандемијата).
Ние веруваме дека гимназијалците сакат да бидат дел од промените во општеството, правејќи добро. Тие се желни да бидат вклучени, да влијаат. Затоа од клучно значење е, додека ги охрабруваме да бидат идни лидери во приватниот сектор, тие истовремено да учат за моделите на социјални претрпијатија и концептот на општествена одговорност. Претприемничкото образование е многу важно и затоа АРНО напорно работи и со професори и ученици во креирањето на алатки и содржини кои ќе бидат интересни, применливи и кои градат вештини.
Ве каниме да ви ги презентираме наставните планови кои ги изработија професори од нашата земја, од Хрватска и Литванија, енерџајзери и игри за работа во групи кои ги подготвивме заедно со колегите од Белгија со кои сакаме преку креативен пристап да работиме на темата (како се наоѓа коренот на проблемот, што значи да имаш/немаш привилегии, дали мојот бизнис модел ќе функционира, како да правиме добро). Документите кои ги подготвивме сакаме да ги презентираме и да ги дискутираме со вас. Намерите е тие да бидат корисни за сите, и за професорите и за учениците, и за обучувачите од граѓанскиот сектор.
АРНО ги задржува правата да го ограничи бројот на учесници и да направи селекција. Избраните учесници ќе бидат известени преку е-мејл. На избраните учесници ќе им бидат испратени и извадоци од драфт- верзијата на документите на англиски јазик, најдоцна до 21-ви мај.