Сојузот за младинска работа (СМР) по четврти пат објавува повик за пријавување на учесници на програмата „Работник со млади“. Целта на оваа програма е да ги развие способностите на учесниците за планирање, спроведување, следење и евалуација на програми и активности наменети за млади..
УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Кандидатот да има навршени 18 години;
- Завршено минимум средно образование;
- Најмалку една година искуство во волонтирање или работа во младинска организација или организација за млади.
СТРУКТУРА НА ПРОГРАМАТА
Програмата „Работник со млади“ вклучува вкупно 198 часови, од кои:
- 106 интерактивни часови (по 45 минути) теоретски дел
- 88 часа (по 45 минути) практична работа во организација
- 4 часа испитна работилница
Програмата ќе се реализира он-лајн (за теоретскиот дел) во периодот од март до јуниј 2025 година и се изведува на македонски јазик.
Обуката ќе се спроведе во една група од 15 учесници, а ќе биде водена од предавачи кои имаат долгогодишно искуство во различни програми за млади и се препознаени на национално и меѓународно ниво.
ФИНАНСИСКИ УСЛОВИ
Од учесниците се бара да придонесат со 3000 денари за трошоците на програмата, што треба да се уплатат на сметка на Сојузот за младинска работа откако ќе бидат избрани, а пред почеток на обуката. За учесниците кои ќе се пријават со препорака од организација-членка на Сојузот за младинска работа, надоместот изнесува 2000 денари.
ДОГОВОР И СЕРТИФИКАТ
Сите примени учесници ќе потпишат договор со кој се утврдуваат обврските за редовно следење на програмата. Услов за добивање сертификат е посетеност од најмалку 75–80% од планираните активности (теоретски и практичен дел) и задоволителни резултати на испитот.
ПРИЈАВУВАЊЕ И РОК
Аплицирајте со пополнување на пријавата достапна на овој ЛИНК.
Доколку ви се потребни дополнителни информации, пишете ни на: [email protected]
Краен рок за пријавување на заинтересираните е петок, 28 февруари 2025 година. Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од селекцијата до 05 март, 2025 година.
За повеќе информации или прашања во врска со програмата, ве молиме контактирајте нè на [email protected]