Повик за учесници за бесплатна онлајн програма “HR Starter“ 2022!

Останаа само уште неколку слободни места за учесници на бесплатната онлајн програма “HR Starter” 2022!

Со задоволство Ве информираме дека нашите соработници од Македонската асоцијација за човечки ресурси и оваа година се национален партнер во спроведување програмата “HR Starter”, во организација на нашите партнери од Србија – HR World Adria.

Програмата “HR Starter”, која целосно ќе биде спроведена во онлајн формат, е наменета за сите ентузијасти за човечки ресурси кои во моментов се запишани на последна година од дипломски или магистерски студии или неодамна дипломирани студенти, без оглед на факултетот или универзитетскиот оддел! 

Онлајн програмата е целосно бесплатна – единствениот услов е да имате добро владеење на англискиот јазик, да бидете мотивирани и да можете да посветите време за присуство на целосната програма. Ако имате аспирации да работите во човечки ресурси и сакате дa развиете вештини за иновативен пристап кон човечките ресурси пред да стапите во работна организација, “HR Starter” е местото каде што треба да бидете!

Повеќе информации околу програмата, како и насоки за аплицирање да бидете дел од неа најдете ТУКА , а за да аплицирате, кликнете на копчето APPLY HERE

Останаа само уште неколку слободни места за учесници/студенти од Македонија, така што побрзајте со Вашето аплицирање…Крајниот рок за пријавување е Утре, Среда23 март, до полноќ!

МАЧР Ве очекува на “HR Starter” 2022!

#HROutOfTheBox #KickStartYourHRCareer #HRStarter

 

ТЕКСТ

Сподели на