Повик за учесници за локална пилатес работилница во рамки на проектот “Проширување на границите на меките вештини, ПАСПОРТ во образованието”

ЦМА Крик отвара повик за учесници за локална пилатес работилница.
 
Работилницата се спроведува во рамки на проектот “Проширување на границите на меките вештини, ПАСПОРТ во образованието”.Проектот е кофинансиран од Програмата Еразмус + спорт на Европската Унија.
 
Работилницата ќе биде спроведена од Марина Пешиќ – дипломиран спортски тренер, наставник по физичко образование и долгогодишен инструктор по пилатес, на 29.03.2022 , 17:00-18:00, во просториите на FITLIFE Studio 1 (Nevena Georgieva – Dunja 1, Skopje 1000)
 
За да изразите интерес за учество во локалната работилница пополнете ја следната апликациската форма.
 
*Учеството во работилницата е бесплатно и бројот на учесници е органичен поради COVID-19 протоколи, поради тоа пријавете се само доколку сте сигурни дека ќе учествувате, така што не би заземале простор.
*Селектираните учесници ќе бидат контактирани по електронска пошта.
 
Целта на проектот е да се зајакне свеста за додадената вредност на спортот и физичката активност во неформалното образование, како практично решение за развој на меките вештини.
 
Специфични цели:
  1. Да се создадат, тестираат и развијат 10 методи на учење во неформалното образование засновани на спортска методологија преку танц, шах, пилатес, фудбал, фитнес и боречки вештини.
  2. Да се промовира примената на спортските техники во образованието, преку развивање можности за  grasroot sport како поддршка на социјалната вклученост.
  3. Да се поддржи синергијата меѓу спортот од грасрут ниво и неформалното образование преку вклучување на релевантните чинители на ниво на заедницата.
 
Погледнете повеќе информации за проектните активности на нашето портфолио или на страната на проектот You Can Dance.
 
Целта на проектот е да се подигне свеста за додадената вредност на спортот и физичката активност во неформалното образование, како практично решение за развивање на личните вештини.
 
Проектот се спроведува помеѓу јануари 2021 и јуни 2022 година во партнерски конзорциум со Интеркултурната асоцијација за сите во Португалија, Центарот за младински активизам КРИК во Северна Македонија и Здружението за развој на млади и спорт од Турција.
 
За допилнителни прашања, контактирајте не на [email protected].
 
Ги очекуваме вашите апликации.

Сподели на