Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука (training course) „FEELS – Foster Emotional Education of Local Societies”, која ќе се одржи во Ерколано (Наполи), Италија од 28-ми април до 7-ми мај 2023 година.
Се покажа дека во последните години, и поради пандемијата, во нашите општества се зголемени стапките за насилство, омраза и самоубиства. Емоциите играат фундаментална улога во животниот избор и во нашите секојдневни постапки. Затоа, недостатокот на свесност за сопствените емоции и за другите често доведува до ментални нарушувања на мали или големи субјекти, нееднаквости, стрес и неправилни животни избори. Постои потреба од алатка која користи покоректни методи во младинската работа и подобро образование на сопствените емоции меѓу активистичките групи.
Проектот има за цел да го промовира знаењето за темата „Емоционална интелигенција кај младинските работници“ и да користи нови алатки за личен и професионален раст, управување со емоционален стрес, подобрување на меѓучовечките и интраперсоналните односи и градење на добро функционални дигитални модели, притоа промовирајќи ги принципите и пристапите од европската рамка за ментални прашања и неформално образование. Проект ќе понуди образовна поддршка на младинските работници со цел да се поддржи негувањето на емоционалната интелигенција во нивната работа со членовите во нивните организации. Истовремено, проектот ќе се обиде да ја зголеми нивната способност да ја искористат нивната емоционална интелигенција на лично и професионално ниво и да ги зајакнат младите луѓе и младинските работници, а со тоа и нивните локални заедници.
На обуката ќе земат учество 27 младински работници и младински лидери од Македонија, Италија, Латвија, Хрватска, Данска, Турција, Полска, Шпанија и Босна и Херцеговина.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот и за споделување на своето знаење и искуство
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Подготвеност да се организирана работилница во својата локална средина како последователна активност (follow-up) по завршувањето на обуката (види во Инфопак на страница 3)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат и 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Италија“.